НовоЦеновници по купувач:цените и попустите сами се пополнуваат во документите

Увоз на банкарски изводи и поврзување на плаќања

Prospect ги увезува банкарските изводи што ги преземате од е-банкарство и ја поврзува секоја ставка со фактурите што ги плаќа. Чита датотеки во ISO 20022 camt.053, SWIFT MT940, формат .300 и CSV, предложува партнер и отворени ставки, и го евидентира плаќањето кога ќе потврдите. Вклучено е во секој план, од 49 € месечно по компанија.

Што можете да правите

  • Увезете изводи во camt.053 (XML), MT940, формат .300 и CSV.
  • Спојте ги заглавието и датотеките со трансакции на извод во формат .300 во еден увоз.
  • Истите банкарски ставки не се увезуваат двапати.
  • Добијте предлог за партнер и можни отворени ставки за секоја банкарска ставка.
  • Распределете една банкарска ставка на повеќе отворени фактури.
  • Евидентирајте приливи и одливи рачно кога нема извод.
  • Поништете погрешно поврзување; банкарската ставка и салдата се враќаат, а трагата останува.
  • Подгответе картичка на купувач и на добавувач со тековно салдо.

Како работи

  1. 1

    Увезете го изводот

    Изберете банкарска сметка, изберете ја датотеката од е-банкарство и проверете ги препознаениот период и ставките.

    Отворете упатство
  2. 2

    Поврзете ги ставките

    Проверете ги предложениот партнер и отворените ставки за секоја ставка, распределете го износот и потврдете.

    Отворете упатство
  3. 3

    Средете го остатокот

    Плаќањата без ставка од извод евидентирајте ги рачно, а погрешна распределба поништете ја.

    Отворете упатство
Усогласување во Prospect со увезена банкарска ставка, предложен партнер, отворени ставки и контроли за распределба
Проверете ги партнерот, износот, датумот, референцата и распределбите пред да потврдите.

Изработено во Македонија, за македонски компании

  • Чита MT940 и форматот .300 на Комерцијална банка, како и camt.053 и CSV.
  • Prospect не се поврзува со вашата банка; ја прикачувате датотеката што ја преземате од е-банкарство.
  • Prospect не е главна книга; потврдените плаќања стигнуваат до сметководителот преку сметководствениот извоз.
  • Потврдувањето на поврзување бара посебна дозвола за усогласување.

Како се поврзува со остатокот од Prospect

Prospect наспроти Excel и рачна работа

ЗадачаProspectExcel и рачна работа
Внесување плаќањаСе увезуваат од банкарската датотекаСе внесуваат ставка по ставка
Наоѓање на фактуратаПредложен партнер и отворени ставкиСе бара по износ и референца
ДупликатиПовторен увоз на исти ставки е спреченПлаќање може да се внесе двапати
КорекцииПоништување што ја чува трагатаСе препишува без историја

Чести прашања

Кои формати на банкарски изводи ги поддржува Prospect?
Четири: ISO 20022 camt.053 (XML), SWIFT MT940, формат .300 и CSV.
Дали работи со мојата банка?
Увозот е проверен со изводи од Комерцијална банка, во MT940 и во формат .300. Ако вашата банка нуди извоз во MT940, camt.053 или CSV, пробајте со еден извод пред да се потпрете на увозот; ако не се вчита, испратете ни го на поддршка.
Дали Prospect се поврзува директно со мојата банка?
Не. Изводот го преземате од е-банкарство и ја прикачувате датотеката во Prospect.
Комерцијална банка го издава изводот во формат .300 како повеќе датотеки. Дали тоа работи?
Да. Изберете ги заглавието и датотеките со трансакции заедно во ист увоз.
Дали едно плаќање може да покрие повеќе фактури?
Да. Банкарска ставка може да се распредели на повеќе отворени ставки, до износот на ставката и до секое неплатено салдо.
Што ако поврзам погрешна фактура?
Користете го поништувањето. Тоа ги враќа банкарската ставка и салдата на отворените ставки и ја чува трагата.

Цена

Банкарски изводи е дел од секој план на Prospect: 49 € месечно или 490 € годишно по компанија, со сите модули, еФактура и повеќе корисници без доплата.

Останати модули